Со фалс евра си купувале лубеници низ Скопје


Двајца арачиновци со фалсификувани евра плаќале низ скопските пазари. За два месеци успеале да потрошат 700 евра, не се знае колку граѓани биле измамени.

Кривична пријава заработија Б.З. (23) и Џ.Н. (43), двајцата од скопско Арачиново. Истражен судија на двајцата им одреди притвор во траење од по 30 дена.

Парите не кажуваат сеуште кој им ги дал, наводно ги набавиле од непознато лице и во август и септември пазареле во колонијални продавници и на кванташкиот пазар. Купувале со банкноти од по 100 евра.

Прво пазареле градеѓен материјал во ,,Вертус”, во село Никуштак, од продавач на лубеници и дињи купиле 20 килограми дињи во вредност од 500 денари, му дале лажна банкнота од 100 евра велејќи дека немаат ништо ситно.

На кванташкиот пазар на улицата Перо Наков” во Скопје, исто така платиле со лажни банкноти во апоени од 100 евра.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1