Од вкупно 425 постапки за изречена клевета и навреда, во повеќе од 50 случаи како тужители се јавуваат политичари или политички партии.
Од граѓанскиот суд не соопштуваат конкретни имиња на тужителите, повикувајќи се на Законот за заштита на личните податоци, но за многу од судските постапки или за изречената санкција јавноста е веќе информирана.
Интересно е да се напомне дека според Основниот суд Скопје 2 Скопје, во текот на 2015 година, во сите 9 нови случаи за навреда и клевета во кои како странки се јавуваат политичари – се јавуваат како тужители