Секој што ќе излезе од земјава на три месеци ќе мора да се пријави во МВР


Граѓанин кој има намера привремено да престојува во странство подолго од три месеци, должен е заминувањето да го пријави во Министерството за внатрешни работи, на граничниот премин каде што ја преминува државната граница или во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во земјата во која заминува, односно должен е во рок од 30 дена да го пријави враќањето во Република Македонија. Ова го предвидуваат измените на Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште е предвидено евидентирање на секој граѓанин што ќе замине од земјава подолго од три месеци.licna karta350

ДУИ остана на ставот дека ќе ги блокира измените на Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, како и на Законот за лични карти, за кои веќе се изјасни дека се антиалбански. Вчера, измените во второ читање се најдоа во матичните комисии, каде што можеа да се поднесуваат амандмани, но комисиите не се одржаа.

Познавачите коментираат дека Албанците не се сложуваат со законските измени поради две причини, поради тоа што со доследна примена на законските измени би се дошло до реалната бројка на иселеници што гласаат во земјава и во странство, и второ, поради тоа што законските измени би ги откриле Албанците кои живеат во странство подолго од една година и како такви практично немаат право да влезат во пописот на вкупното население на Македонија.

Во законските измени се прецизира дека ќе се поништува живеалиштето на оние граѓани кои нема да пријават оти ја напуштаат Македонија подолго од три месеци. Во измените пишува дека Министерството за внатрешни работи донесува решение за поништување на живеалиште, односно промена на адреса на стан на граѓанин, како и поништување на податоците на граѓанинот од евиденцијата за живеалиште ако врз основа на оперативни сознанија и теренски проверки се утврди дека граѓанинот не живее на живеалиштето, односно на адресата на стан, освен за граѓаните кои го пријавиле заминувањето во странство подолго од три месеци. И ДПА се изјасни дека е против новите законски решенија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1