Американците во реонот “Чукару пеки” на длабочина од околу 588 метри откриле вистинско богатство. Тие наишле на 25.7 отсто бакар и 50.3 грама злато по тон руда.
Според досегашните податоци најбогата содржина е пронајдена во рудникот “Hollister” во Америка, каде се извлекуваат 27.20 грама злато по тон руда.
Како што беше и претходно објавувано, Американците и Канаѓаните во околината на Бор направиле бушотини со длабочина поголема од 42 километри, а помеѓу нив имало и такви во кои што содржината на бакар во рудата надминувало и 10 отсто врз основа на што и пред две години се говорело дека се работи за најбогато наоѓалиште на тој метал.
Дејан Кожељ, директор и главен геолог на “Фрипорт” во Србија, претходно за српски Telegraf изјавил дека таа компанија во текот на минатогодишните геолошки истражувања во околината на Бор инвестирала околу 15 милиони динари.
– Потребен е значаен број на позитивни резултати пред донесување на конечна одлука за почеток на експлоатација. Неопходни ни се доволен број на податоци како би се дефинирала големината и квалитетот на наоѓалиштето, после што мора да се подготви и главен рударски проект за откопување, изјавил директорот на “Фрипорт”, Дејан Кожељ.
Во изминативе 110 години во Бор се добиени 5 милиони тони бакар и близу 160 тони злато.