ВИДЕО: СРПСКАТА ЛОТО ИЗМАМА ОТКРИЕНА: Топчето со број 21 било „обработено“


Измени на формата односно физички оштетувања  биле откриени на топчето  број 21 кое  беше извлечено од барабанот за време на Лото извлекувањето што се емитуваше во живо во Србија. Како што објавиа српските медиуми , повикувајќи се на полициски извори, забележани се оштетувања на топчето и било заклучено дека тие не се последица од барабанот. Според истрагата, тие веројатно настанале уште пред тоа да биде поставено заедно со другите топчиња во барабанот, но уште е нејасно како дошло до оштетувањата.loto skandal

Овој настан ги подгреа сомневањата дека извлекувањето било наместено. Државната лотарија рече дека се работи за случајност. Но, математичарите се огласија и истакнаа дека многу е поголема веројатноста Лотаријата да лаже, отколку да се појави број од барабанот, кој веќе стои запишан на мониторот.

Според пресметките од математичарите, Лотаријата тешко може да докаже дека не замешала прсти во селекцијата на бројките. Така, веројатноста дека Лотаријата ја зборува вистината е околу 2,9 отсто, додека 97,1 отсто е веројатноста дека има нешто матно во извлекувањето. – Во спорниот момент во тркалото останаа 35 топчиња. Под претпоставка дека претходните броеви се извлечени правилно, веројатноста по најавата да биде извлечен бројот токму 21 е 2,87 отсто. Тоа е математика, а што навистина се случувало знаат само луѓето во Лотарија на Србија.

Јавноста во живо го виде моментот во кој и самата водителка се збуни кога на мониторите виде бројка што уште не е извлечена. Бројката што се појави дојде по неполна минута, со следното извлечено топче. Сепак, и покрај тоа што се фатени на дело, организаторите на лото-извлекувањето во Србија и понатаму тврдат дека се работело за техничка грешка. Погледнете го скандалозниот момент од 59. коло на играта на среќа лото во Србија.


Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1