Секоја ноќ се будите во исто време, а не знаете зошто? Ако се будите во 3 – тажни сте


Tрадиционалните кинески методи и учења, придаваат посебно внимание и значење на секое однесување на телото во различно време.

Така, денот е поделен во 24-часовен циклус, па веруваат дека доколку се будите во исто време тоа значи дека некои енергии се блокирани или се погрешно насочени.SleepCycle

Според тоа кога се будите, точно откријте кои:

21:00 – 23:00

Ова е времето кога просечниот човек се обидува да заспие. Ова е време кога ендокриниот систем се ребалансира и се полни со ензими. Ендокриниот систем управува со хормоните и со метаболизмот, па доколку имате проблем со заспивањето во овие моменти можеби сте заглавени со мислата „да се борам или да бегам.“

Веројатно сè уште психички сте оптоварени со случувањата од минатиот ден или веќе се подготвувате за утрешните предизвици. Повторувањето на едните исти зборови ви создава напнатост.

23:00 – 1:00

Ако често се будите во овој период може да е заради замерките кои ги носите во себе. Ова е време кога енергијата се претвора во јанг според верувањата.

Јанг е активна енергија, а токму таа енергија го храни телото за следниот ден. Зајакнете ја љубовта и почитта кон себе за да се смирите и да ја сочувате енергијата.

Ова исто така е време кога се разбиваат и разградуваат мастите кои сте ги внеле, па ако сте консумирале многу нездрави масти и масла, тоа е уште една можна причина за будење и немирен сон.

1:00 – 3:00

Ова е клучно време за детоксикација на телото и процесот на обновување. Вашиот црн дроб испушта токсини и создава свежа крв.

Будењето во ова време укажува на лутина, фрустрација и негативни емоции. Доколку не се ослободите од овие духовни токсини, вашиот „духовен црн дроб“ постојано ќе се активира во исто време.

3:00 – 5:00

Ова е време кога вашето тело се снабдува со најмногу кислород.

Проверете дали ви е доволно топло за да ги олесните функциите во организмот. Ако се будите често во овој период, пробајте да правите некои вежби за правилно дишење.

Будењето во ова време исто така може да е предизвикано од болка и тага која ја премолчувате.

05:00 – 7:00

Причина за будењето во овој период од утрото може да биде лошата исхрана или јадењето доцна навечер.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1