Секоја петта жена го следи поранешното момче од лажен профил


Секоја петта жена после раскинувањето на врската настојува да контактира со поранешното момче преку социјалните мрежи, за што и зажалиле, а ист толкав број признаваат дека креирале лажни профили за да можат потајно да го следат, покажува истражувањето на британската фирма „OnePoll“.

face kompjuterСпоред оваа анкета, само 48 отсто од жените ги прекинуваат во целост сите контакти со поранешното момче на Интернет, пишува „Дејли меил“.

Околу 18 проценти од луѓето велат дека поради достапноста на социјалните мрежи ставени се во искушение да се слушнат со поранешниот партнер, но се задоволуваат со податоците кои тој ќе ги објави.

– Социјалните мрежи ни олеснаа и натаму да ги следиме луѓето кои некогаш активно учествувале во нашите животи, но понекогаш тоа станува вистинска опсесија, смета британскиот психолог Мајкл Синклер.

Тој смета дека едно е да се наиде на фотографија или информација за поранешниот партнер, а друго е да се биде опседнат со тоа што тој прави, бидејќи ни оневозможува да продолжиме со животот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1