Секоја втора жена го има: Митови за ХПВ-вирусот што може многу да ве чинат


Иако инфекцијата со ХПВ може да се развие на која било возраст, ако се заразите многу рано, тоа може да биде особено опасно бидејќи вирусот има повеќе време за предизвикување штета во организмот, што на крајот може да доведе до рак

acupuncture-hypnosis-infertility-3Сигурни сте дека не сте носител на ХПВ? Може ли девиците да го носат вирусот и има ли смисла да се вакцинирате? Прочитајте ги одговорите на овие и уште на некои прашања на кои повеќето луѓе би одговориле погрешно.

Иако инфекцијата со ХПВ може да се развие на која било возраст, ако се заразите многу рано, тоа може да биде особено опасно бидејќи вирусот има повеќе време за предизвикување штета во организмот, што на крајот може да доведе до рак. Раното стапување во сексуални односи е ризик-фактор.

ПОВЕЌЕТО ЛУЃЕ НЕМА ДА СЕ ЗАРАЗАТ СО ХПВ?
ХПВ (Human papiloma virus) е најраширената полово пренослива болест во САД и во многу развиени земји во светот. Толку е раширена што 80 отсто од сексуално активните мажи и жени ќе се заразат во некој момент од животот. Иако е вистина дека поголемиот број партнери го зголемува ризикот, ХПВ може да се добие и при првиот сексуален чин, било да користите кондом или не.

– Всушност, 80 отсто од лицата што имале помалку од 4 сексуални партнери се инфицирани со вирусот, вели д-р Ненси Кивијат, директорка на Medicine Pathology HPV Group од Универзитетот “Вашингтон”. Но, повеќето луѓе не развиваат симптоми, па можеби никогаш не дознаваат дека се носители на ХПВ. Според податоците на американскиот центар за контрола и за превенција на болестите, 90 отсто од сите заразени, спонтано ќе оздрават по 2 години.

ДАЛИ КОНДОМИТЕ ШТИТАТ ОД ЗАРАЗА СО ХПВ?
Кондомите го намалуваат ризикот, но не го отстрануваат во целост. Освен сексуалниот однос, ХПВ може да се прошири и преку контакт со кожа на кожа – областа која не ја покрива кондомот може да биде инфицирана со вирусот.

woman_holding_condomВсушност, целата генитална област, од анусот до скротумот, може да ја пренесе болеста преку допир со прсти. Тоа значи и дека девојките што технички сè уште се девици, но се впуштаат во некои облици на интимни односи, како што е дразнење со прсти, може да бидат инфицирани.

Не мора да имате брадавици или абнормален резултат на ПАП-тестот, ниту какви било симптоми за да го пренесете вирусот на сексуалниот партнер. Не постои начин за целосно спречување на преносот на ХПВ, освен избегнување контакт, што е невозможно. Вакцината штити само од неколку типа вирус на ХПВ.

ДАЛИ МАЖИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗАГРИЖУВА ХПВ-ВИРУСОТ?
Мажите имаат еднакви шанси да се заразат со ХПВ како и жените. Кога вирусот се пренесува по сексуален пат, може да ја инфицира гениталната област на мажот, вклучувајќи ја кожата на и околу пенисот, скротумот и анусот. Но, не постои дијагностички тест со кој точно би се утврдило дали некој маж е носител на ХПВ или не. Оние што се впуштаат во орален секс со инфициран партнер, може да добијат инфекција со ХПВ на устата и на грлото. Ова може да доведе до генитални или орални брадавици, рак на пенисот, анусот, устата и на грлото.

СИТЕ ТИПОВИ ХПВ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ РАК?
ginekПостојат повеќе од 150 типа ХПВ, но сите не се полово преносливи. Друг збор за брадавица е папилома, а верувале или не, обичните брадавици што се појавуваат на нозете и на рацете се последица на некој ХПВ-вирус. За среќа, овие типови не се шират така лесно, ниту се поврзуваат со ракот. Но, околу 40 типа ХПВ се секуално преносливи. Некои од нив предизвикуваат генитални брадавици, а некои се канцерогени. Два типа се посебно опасни, 16 и 18 бидејќи предизвикуваат 70 отсто од сите случаи на рак на грлото на матката, додека 16 предизвикува и 85 отсто од аналните тумори. Кај жените, ХПВ може да доведе до рак на вагината, анусот, главата и вратот.

ДАЛИ АКО СЕ ИНФИЦИРАТЕ СО ОПАСЕН ВИД ХПВ, ЌЕ ДОБИЕТЕ РАК?
Дури 95 отсто од жените што се инфицирани со опасен вид ХПВ (16 и 18) нема да добијат рак на грлото на матката, вели д-р Дијана Харпер, професорка по медицина на Missouri-Kansas City School of Medicine.
Научниците не знаат зошто нечие тело може да се одбрани од вирусите, а друго не. Кај оние жени што остануваат инфицирани, ПАП-тестот е најдобар начин за превенција пред да дојде до тешки промени на грлото на матката.

ХПВ МОЖЕ ДА СЕ ЛЕКУВА
Некои сексуално преносливи болести, како што се гонорејата и кламидијата, се последица на бактериска инфекција и може да се лекуваат со антибиотици. Но, ХПВ е вирус, а за тоа нема лек. На нашиот имунолошки систем задача му е да го потисне. Во повеќето случаи, имунитетот го надвладува вирусот, па тој не предизвикува штета. Но, научниците не знаат дали во тие случаи вирусот е елиминиран од телото или неговото присуство е намалено до ниво до кое не може да се открие.

ВАКЦИНАТА Е НАЈДОБРО СРЕДСТВО ПРОТИВ РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА?
vakcina rakВеќе со години постои евтин е достапен ПАП-тест, кој навреме ќе укаже на развој на болеста, на која ~ требаат 7 до 10 години да стане опасна. Со редовна контрола не би смеело да умре ниту една жена. Овој тест го открива ХПВ-вирусот кој почнал да предизвикува промени на грлото на матката пред да дојде до појава на рак.

Ако одите на редовни прегледи, гинекологот ќе ги открие претканцерогените промени и ќе ги отстрани пред да дојде до опасната болест.

Човекот што ја согледа врската меѓу вирусот и туморот

Харолд зур Хаусен добил Нобелова награда за медицина во 2008 година, бидејќи во почетокот на 70-тите не се приклонил кон некогаш општо прифатеното мислење дека ракот на грлото на матката го предизвикува вирусот на херпес симплекс вирусот тип 2, туку дека поверојатно е гениталниот папилома вирус. Неговите сугестии за зачестената врска на малигните генитални брадавици и случаите со рак на грлото на матката тогаш не наишле на прифатеност. Харолд зур Хаусен потврдил дека во 1974 се чувствувал како осамен глас што никој не сака да го слушне. Десетина години подоцна тој успеал да ги докаже главните причини за предизвикувач на болеста, т.е. генотиповите на вирусот ХПВ – 16 и 18.

Дали вакцините се еднакви?

На пример, “церварикс” и “гардасил” не дејствуваат идентично. Церварикс е 100 отсто делотворен и во една доза, но за Гардасил потребни се 3 дози во рок од 12 месеци за да биде делотворен. Освен тоа, Гардасил ги штити само оние што сè уште не се изложени на ХПВ, а “церварикс” е делотворен во 90 отсто од случаите и кај жените што веќе биле изложени на вирусот.

“Церварикс” штити од 5 типа вируси ХПВ кои предизвикуваат рак на грлото на матката. “Градасил” само против два. Но, “гардасил” има други предности: штити од соеви ХПВ што предизвикуваат повеќе генитални брадавици.

“Гардасил” штити до 7 години, а “церварикс” до 10 години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1