Секретарка на Берлускони фатена со 24 килограми кокаин


Федерика Галијарди, жената која му беше секретарка на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, денес била приведена под сомнеж дека прокриумчарила 24 килограми кокаин на лет од Венецуела.

berluskoni kokainГалијарди (30-год)е приведена на римскиот аеродром Фјумичино, непосредно откако полицијата после полетувањето од Каракас во нејзиниот рачен багаж нашла кокаин, соопштил портпаролот на финансиската полиција.

Властите не ги изнеле деталите од случајот, но количината од 24 килограми кокаин на уличниот пазар би чинела околу 6,7 милиони евра, пренесува Ројтерс.

Италијанските медиуми ја нарекуваа Федерика „бела дама“, опишувајќи ја како убава и мистериозна соработничка на Берлускони, откако се појави на фотографија целата облечена во бело, како излегува од авион во Торонто во 2010 година, кога не и’ беше позната на јавноста

При прашањето која е девојката, канцеларијата на Берлускони одговорила дека му била секретарка во текот на состанокот во Торонто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1