Секретарот на ДОМ ја напушта партијата


Мојот став е дека ваквата политика не е во согласност со изборните ветувања со кои настапаивме и се обврзавме пред граѓаните на последните парламентарни избори, вели секретарот на ДОМ, Стево Темелковски.

Меѓу огромниот процент на членови на ДОМ кои преминаа во владејачката партија се наоѓа и секретарот на партијата Стево Темелковски.dom stevo temelkovski

-Би сакал да искажам целосно несогласување со одлуката ДОМ да излезе од коалицијата за Подобра Македонија. Мојот став е дека ваквата политика не е во согласност со изборните ветувања со кои настапаивме и се обврзавме пред граѓаните на последните парламентарни избори. Коалицијата за Подобра Македонија има своја заедничка програма во која сме се обврзале пред граѓаните. Сме ветиле дека ќе создаваме работни места, ќе градиме патишта, ќе ја подобруваме животната средина, ќе им помагаме на граѓаните, но не сме ветиле дека ќе се занимаваме со гола политика, цели секретарот на ДОМ во писмената изјава.

Тој нагласува дека ДОМ добила мандат од граѓаните врз база на програма и коалиција.

-Ние мора да го почитуваме тоа. Дополнително, мојот став е дека и лично како поединци и како политичка структура требаше да се бориме за стабилна Македонија, а не да повлекуваме чекори кои можат да бидат протолкувани обратно, вели Темелковски.

Тој потенцира дека неговата енергија и труд и понатаму ќе бидат вложувани за проекти и активности кои ќе помагаат на граѓаните и на Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1