Кога луѓето ја имаат власта во раце, и каприците земаат замав. Некои политичари ја започнале својата кариера како многу повлечени и скромни личности, а се` со цел за да дојдат до врвот на политичката моќ. Најчесто се воделе од желбата да остават трага во историјата на својата држава. Во многу ситуации, овие личности сакале моќ и признание. Неретко негувале и култ на личноста за во очите на своите поданици да имаат божествени атрибути.
Силвио Берлускони
Овој 70-годишник кој дури три пати беше премиер на Италија, бизнис магнат и медиумски тајкун, падна од власт во 2013 година кога беше прогласен за виновен поради плаќање за сексуални услуги на малолетна проститутка. Сопственикот на “Mediaset” и фудбалскиот клуб “A.C. Milan”, долго време е поврзуван со италијанската мафија. Во фокусот на скандалот се најде и поради забавите на кои имало и по 20 девојки кои танцувале голи. Секс аферата на Берлускони со мароканската стомачна танчерка, не само што го чинела власт, туку на неа потрошил и 5 милиони долари.
Леонид Брежњев
На местото Генерален секретар на Централниот комитет на Советскиот Сојуз бил од 1964 до 1982 година. Во историјата влегол како политичар кој бил во состојба да ги смени своите соработници ако не го сметаат за гениј. Од друга страна, уживал во статусните симболи, особено во медали. Тој бил одликуван дури 100 пати, често и без повод.
Садам Хусеин
Тој владеел со Ирак 30 години грижливо градејќи култ на личноста. Безброј портретии статуи се подигнати во негова чест. Постои и приказна за „Крвавиот Куран“ кој бил напишан за 60-от роденден на Садам, за овој владетел да му се заблагодари на Бог бидејќи му овозоможил да ги преживее сите опасности. Според некои гласини, за пишувањето на оваа книга Садам донирал дури 27 литри крв.
Јосиф Сталин
Најголемиот тиранин на СССР, кој владеел од 1925 до 1953 година е одговорен за смртта на милиони луѓе. Позицијата на неприкосновен лидер ја одржувал со помош на заплашувања. Многумина можеле да учат од него за градење на култ на личноста.
Николае Чаушеску
Заедно со неговата сопруга, Чаушеску после 30 години владеење бил уапсен и осуден на смрт. Себеси се прогласил за Генијот на Карпатите, па поради тоа наложил да му се изгради жезол кој се користи во церемонијата на крунисување.
Моамер Гадафи
Либискиот револуционер и политичар, покрај големата желба да владее, бил многу воздржан во јавноста. Тој го привлекувал вниманието со екстравагантната облека. Сликата на сериозен, семеен човек ја нарушувале гласините за оргии во неговиот логор во близина на Триполи. Се зборува дека Берлускони бил инспириран токму од Гадафи.
Ким Јонг Ил
Познат под прекарот „драг лидер“, тој владеел со Северна Кореја од 1994 до 2011 година Култот на личноста успешно го одржувал благодарение на неговиот татко, претходниот лидер на Северна Кореја кој ја развил пропагандната машинерија. За Ким Јонг Ил кај неговиот народ кружеле тврдења дека проодел на 3 недели, дека неговото раѓање го предвидел лебед и дека со силата на умот може да ја контролира климата.