За наследничките на Жељко Јоксимовиќ, Цеца Ражнатовиќ, Драган Џајиќ, Сузана Манчиќ и на другите познати личности веќе наголемо се пишува и тие привлекоа големо внимание, пред сè, со својата убавина, пишува српски „Телеграф“.
Овие се најзгодните ќерки на српските ѕвезди:
Мина Јоксимовиќ
Мина има 19 години и е ќерка на популарниот српски кантавтор Жељко Јоксимовиќ.
Оваа девојка многумина ја паметат како симпатично девојче со извонреден талент за музика, меѓутоа, со текот на годините таа пораснала во вистинска убавица, судејќи според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.
Теодора Куниќ
Теодора е постарата ќерка на познатата водителка и ЛОТО девојка Сузана Манчиќ. Се занимава со пеење, а неодамна објавила спот за нумерата „Пола срца“. Како и Мина Јоксимовиќ, и Теодора сака да ги објавува сопствените фотографии на социјалните мрежи.
Драгана Џајиќ
Оваа студентка на Факултетот за организациони науки од Белград е наследничка на поранешниот легендарен фудбалер на Црвена звезда Драган Џајиќ. Драгана инаку се занимава и со манекенство и важи за една од најатрактивните Србинки. Таа има и сестра-Сања, која исто може да се пофали со заносен изглед.
Анастасија Ражнатовиќ
Анастасија е ќерка на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ. Наследничката на Цеца е музички талентирана, сака да пее, а клиповите со нејзините изведби на разни нумери можат веќе наголемо да се погледнат и на каналот Јутјуб. Освен тоа, Анастасија редовно ја користи социјалната мрежа Фејсбук, на која, помеѓу останатото, ги објавува своите фотографии.