Последните извештаи од Американскиот центар за контрола на болести, открилe дека 1 лице од 100 ја има оваа заразна полова болест. Едно лице можеби не звучи страшно, но кога се работи за кламидија, резултатите се повеќе од застрашувачки.
Она што е многу позагрижувачки е фактот што 1,4 милиони лица пријавиле дека ја имаат оваа болест, додека преостанатите 400.000 можеби ја имаат, а тоа не го знаат, ризикувајќи така да ги заболат и своите партнери.
– Кај двата пола, кламидијата може, но и не мора да предизвика пад на енергијата, како и болки, посебно при мокрењето, но тешко дека ќе препознаете дека ја имате доколку не се прегледате. За жал, ниту еден знак не може јасно да ви покаже дека имате кламидија – вели една професорка од универзитетот Јејл.
Кламидијата која спаѓа во најчесто преносливи бактериски болести, многу почесто ги мачи жените.
Доколку не се лекува веднаш, бактеријата може да предизвика поголеми проблеми и инфекции, а притоа треба да знаете дека кламидијата ја намалува плодноста, како кај жените, така и кај мажите.
Жените кои имаат необичен исцедок, печење за време на мокрење, болки при сексуален однос, чешање или непријатно печење, болки за време на менструалниот циклус и негова нередовност, задолжително треба да направат тест кај својот гинеколог.
Повеќе на – BabinLek.com