Секунда ги делела од смрт 141 патник на Рајан Ер – 2 инциденти за кратко време за компанијата


Секунда ги делела од катастрофа патниците на авиокомпанијата Рајан Ер кои биле на летот од Манчестер за германскиот аеродром Мемингем во септември, а се обелодени сега, а истрагата покажала дека било пилотска грешка. 

Според информациите при слетувањето на авионот со 141 патник пилотот сакајќи надомести за изгубеното време и доцнењето ја скратил процедурата на слетување.

Истражителите велат дека Боингот 737 нагло се спуштл што ги вклучило алармите за итност итно да го подигнат авионот за да избегнат удар на земјата уште пред и да стасаат до пистата.

Во еден момент авионот бил на само 450ft (150м) на земјата, а паѓал со брзина од 500ft/sec. Тогаш се исклучил автоматскиот пилот и алармот запиштел. За среќа пилотите успеале да го подигнат авионот и да слетаат.

Но воздухопловните власти во Германија го класифицираа овој инцидент во категоријата ,, исклучително сериозни,, што може да има последици за компанијата.

Во друг инцидент само неколку месеци предходно, на лет на истата компанија патник испаднал од авионот.

Непосредно по полетувањето на летот од Пиза до Трапани, Италија, патник под засега непознати услови успеал да ја отвори вратата на авионот, да дојде до едно од крилата и да скокне на пистата, каде бил фатен од пожарникари и екипата на Брза помош.

Според лекарите, патникот бил психички нестабилен. Сепак, останува неразјаснето како успеал да ги мине мерките за безбедност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1