Во едно од своите први интерјуа по враќањето од рехабилитацијата Селена Гомез открила што правела за да се чувствува поздраво и еден многу бизарен третман.
– Многу сум лоша кога дисциплината е во прашање, така што напорно работев со тренерот Ејми Рософ Дејвис една година и кога почнавме навистина сакав да истраеме. Сакав да бидам здрава, да се чувствувам добро, најдобро, поради работата и своите фанови – признала Селена.
Ејми ќе оди со Селена на турнеја, трудејќи се да продолжи со нејзината дневна рутина. Покрај пилатес машината којашто ќе ја понесе со себе, Дејвис со посебно внимание го навела и креветот за препотување.
– Во прашање е третман каде што вие лежите во тренерка на споменатиот кревет 45 минути, во тоа се препотувате и на тој начин ги ослободувате сите токсини од својот организам. Знам дека звучи грозно, но само лежите и тоа навистина дава резултати. Исто така, битно е да не се туширате веднаш по третманот, бидејќи во таа прилика се ослободува природен колаген кој ја прави кожата помека. Изгледа навистина неверојатно – објаснила таа.
„Тоа не влијаеше само на мојата кожа, туку на целото тело, па направи навистина добро да се чувствувам“, рекла Селена.
Друга работа која на популарната млада пејачка ѝ помогнало да се чувствува подобро е што многу време поминувала без шминка.










