Село каде сонцето „топи“ луѓе до смрт (ВОЗНЕМИРУВАЧО ФОТО)


sonce koza bolest

Во бразилското село Арарас, каде жителите главно се занимаваат со земјоделство па неизбежно минуваат многу време надвор, на сонце, натпросечно голем број од селаните заболуваат од генетска ретка кожна болест позната како “xeroderma pigmentosum” (XP), која ги прави необично чувствителни на сончевото ултравиолетово зрачење.

Заболувањето ги прави селаните подложни на тумори и карциноми кои со тек на времето им ја “јадат“ кожата – тиe изгледаат како да се „стопиле“ на сонцето.

Ако сакаат подолго да живеат во добро здравје, единствено решение за нив би било што повеќе да избегнуваат сонце и денот да го заменат со ноќ, што за земјоделската заедница во тропската клима на Арарас е практично невозможно.

sonce koza bolest2

sonce koza bolest3

Болеста е многу раширена иако е генетски наследна затоа што сите жители од селото се потомци од само неколку семејства, во кои имало повеќе заболени, така што болеста се размножила благодарение на меѓусебните бракови.

Џалми Антониј Жадрим (38), имал над 50 операции поради отстранување на тумор.

Голем дел од лицето му надоместува и штити маска од портокалов силикон.

Тој практично е веќе инвалид, не смее да работи во поле, а околу идејата да излезе на сонце, може да заборави. Скромно живее од инвалидска пензија и од својата мала сладоледџилница

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1