Луѓето во кинеското село Ченгмаи на островот Хаинан на југот на Кина се долговечни. Има над 200 жители кои имаат по сто години и барем неколкумина кои имаат по 110 години. Тајната, велат, лежи во јаката домашна ракија од ориз!
Ченгмаи има 560 000 жители. Тројца од нив се по 110 години, а над 200 наполниле еден век.
Блиските семејни врски, работата на поле, исхраната во која преовладува овошје и зеленчук се главните фактори кои придонеле за долгиот живот на овие луѓе. Но, тие велат дека имаат уште една тајна волшебна состојка – домашната ракија.
104 годишната Су Јухе весело раскажува дека не поминува ден да не се напие од ракијата „три кокосови извори“.
Но, повеќе фактори реално влијаат на нивната долговечност.
– Вредни се, едноставни и широкогради, се хранат умерено, речиси вегетаријански, легнуваат рано и стануваат рано – велат од огранокот на КП на Кина од ова место објаснувајќи го долгиот живот на жителите.
Ванг Каилу и Ву Аихе се венчале пред 68 години. Го виделе развојот и падот на Кина, војните, технолошката револуција но во нивниот живот не се промениле многу работи. Живеат во едноставна камена колиба, водата ја вадат од бунар, работат како пред 7 децении.
Долг живот имаат и луѓето на Куба, на грчките острови, и на еден полуостров на Костарика. И за нив важи истото – силни семејни врски, едноставен живот, секојдневна физичка работа и добра исхрана – тоа е тајната на долгиот живот!
извор Блиц / Kanal5