Семејствата Илиќ и Алиу: Да не се злоупотребува смртта на Алмир ВИДЕО


Гоце Илиќ изрази жалење што неговиот син Бојан Илиќ им предизвикал тешка трагедијата на семејството Алиу, објави ТВ 21. Како што е познато, како последица на удар со возило во саботата вечер во Куманово, 4- годишното дете Алмир и неговото семејство беше удрено од Бојан Илиќ. Како последица на повредите, Алмир почина на Клиниката во Скопје.almir-sonce

Според него, надлежните институции треба да го решат случајот и да му изречат соодветна казна на неговиот син.

И од семејството Алиу порачуваат дека надлежните институции се тие кои треба да го решат случајот, а сторителот на кривичното дело да добие максимална казна според законот.

– Ова се случи случајно и нема никаква врска со националноста. Со други зборови да кажам, лицето не било ни дрогирано. Ова е еден личен случај меѓу двајцата инволвирани во оваа трагедија. Бараме од институциите на правдата, да му изречат максимална казна на сторителот – изјави Фарук Алиу, роднина на малиот Алмир.

Трагичниот инцидент се случи во саботата вечер по расправија за чекање ред за контрола пред амбулантата во Куманово. Според Јавното Обвинителство во Куманово, за обвинетиот Б. И. е одредена мерка притвор од 30 дена, поради тоа што извршил кривично дело обид за убиство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1