Семејство од Куманово извршители на брутални кривични дела – еден се качил на покрив да избегне апсење (Видео)


Тринаесет лица, сите од едно семејство, се приведени во денешната голема полициска акција во Куманово и околината, под сомнение за сторен сериозен криминал, шверц со дрога, оружје, изнуди, перење пари, лихварство…

apsenje-kumanovoВо тек се претреси на нивни објекти и домови, но и на други лица за кои се верува дека може да се пронајдат дополнителни докази за делувањето на оваа криминална група.

Криминалната група од 2004 година вршела исклучително брутални кривични дела, изјави денеска помошник министерот за однси со јавност на МВР Иво Котевски, стакнувајќи се со огромна противправна имотна корист.

– Станува збор главно за членови на едно семејство, кое што располага со огромен имот на подрачјето на Куманово и во своето злосторничко здружување најверојатно инволвирале и други лица, појасни Котевски.

Тој прецизира дека голем дел од имотот го стекнале со препродавање хероин во Швајцарија.

Досега се обезбедени поголем број предмети кои ќе се употребуваат во натамошната постапка, како што се изводи од банки за трансфери на пари.

Првоосомничениот при полициската акција  одбил да се предаде, се качил на покривот од куќата и подолго време седел таму.

)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1