Ресенецот Гоце по татко бил Мојановски, го променил презимето во Македонски, кое денес го носи и неговиот син Филип, а вкупно во Македонија има седум лица со ова презиме – приказната за неговото семејство ја пренесува Дневник.
Ресенецот Гоце се откажал од своето семејно презиме Мојановски и во негова замена го прифатил презимето Македонски, како што објаснува, од љубов кон татковината и кон нејзината историја. Постапката во законска процедура ја спровел уште во времето на поранешна Југославија, пред 26 години. Во тоа време ретко се случувало луѓето да си ги менуваат имињата и презимињата, па во прво време околината со чудење гледала на неговата постапка, а подоцна се навиканале.
– Многу читав историја. Македонците во сопствената држава играат македонски рулет од нејзиното постоење, па до денес. Тоа треба да запре. Меѓу себе се негираме, се омаловажуваме, се кодошиме. Ние страдаме од тоа. Тоа мора да се елиминира за наше добро. Треба да се поддржуваме меѓу себе, да бидеме единствени, да се гордееме со нашата татковина, со нејзината историја. Затоа и го зедов презимето Македонски – раскажува ресенецот.
– Откако го променив презимето, него го презеде и целото мое петчлено семејство. Македонски се презиваат и моите три деца – синот Филип, ќерките Фросина и Викторија – ни рече Гоце Македонски
Според податоците од административниот регистар на население во Државниот завод за статистика, до крајот на 2012 година, во Македонија седум лица го носат презимето Македонски. Од нив петмина ресенци. На името Македонка се одзиваат 1.842 Македонки, што е 11 пати помалку застапено име од Марија, кое го носат 21.360 женски лица. Македон, пак, се крстени 36 мажи, име кое се појавува 652 пати помалку отколку најзастапеното име во земјава Александар.
Целата сторија на – Дневник