Македонци од дијаспората сакаат да го посвојат Најден


Еден Македонец од Германија се пријави да дава месечна издршка за Најден до крајот на неговиот живот, без оглед дали Најден ќе биде усвоен или не.

Вчера во градскиот парк се организираше хуманитарна акција за помош на малото бебенце најдено измачувано во Арачиново.

bebe44,, се случи чудесна работа – како лава надојдоа мајки и татковци, девојки, момчиња. За помош за Најден педантно беа спакувани облеки испеглани и чисти, памперси добивме во големи количества, многу млеко „НАН1“, пакувана вода, тетра-пелени, многу облека, козметика во изобилство, влажни марамчиња, играчки, постелнина за Најден. Покажавме здрава граѓанска иницијатива и потврдивме дека оваа земја е хумана, собравме и 442 евра. Kога ја предававме помошта на Kлиниката ни дозволија да го видиме Најден, спиеше, беше тивок, слабичок е, ама спокоен, велат организаторките за Дневник.

Тие велат дека овие неколку дена им пишуваат луѓе од целата земја и праќаат пакети со донации.

Имало и писма од Македонци од дијаспората кои прашуваат за можноста да го посвојат.

Од Kлиниката им дале објаснување дека Најден е постабилен секој следен ден, но дека треба време. Мозочните функции му се во ред, но с` уште не е подготвен сам да дише затоа е с` уште на апарати. Јазикот му е половина отсечен и не се знае дали ќе може сам да голта.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1