Расим Ќулафиќ (36) живеел како роб и бил мачен година ипол дена во хрватското село Драганиќ, кај Карловац.
Над него брутално се изживувало едно ромско семејство, поточно Петар Велиќ (59) и неговите три сина, Игор (22), Иван (34) и Дражен (29).
Како што пишуваат хрватските медиуми, кога е пронајден во каналот едвај давал знаци за живот, а второто ромско семејство повикало итна помош и полиција. Премрзнат, претепан и недохранет Ќулафиќ е задржан во карловачката болница.
Сега е објавена снимка од овој напатен човек, на кој се гледа колку е измачуван. Ќулафиќ секој дел од имотот на кој го држеле како роб морал да го обработува за парче леб и неколку цигари. Неверојатно, но вистинито е што во 2017 година, во Европа, во близина на Загреб – Расим бил роб.
Таткото и тројцата синови брутално го мачеле. Го врзувале и го фрлале во сламата. Грбот му го полевале со средство за чистење на папапокот на стоката. Тоа и натаму му е отворена рана. Му ги кршеле забите, ребрата, го тепале со чекан по ноктите. Дури и циркуските животни имаат подобри услови од животот на несреќниот Расим.