Семејството на Дениса бара помош за транспорт на нејзиното тело во Прилеп


По една недела од добивањето на резултатите од ДНК анализите за женскиот труп кој беше пронајден во близина на островот Карпатос, за кој, надлежните грчки служби, со речиси 100 процентна сигурност тврдат дека станува збор за исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска, нејзините родители се фокусирани само на изнаоѓањето начин како телото да се донесе во Прилеп.

denisa brod

– Во очекување сме на официјална информација од Скопје за тоа колку ќе не чини транспортот и на кој начин ќе треба да се изведе тоа. Очекуваме дека во сето ова, а особено околу трошоците ќе помогне и државата, односно нејзините надлежни институции. Засега, немаме никаква потврда од никаде, а сето тоа дополнително ни ги зголемува и тагата и болката. Многу ми е тешко, не знам веќе ни што да кажам, а не можам веќе ни да мислам, вели таткото Кире, во телефонска изјава за Сител.

Неофицијално трошоците околу транспортот на телото би требало да чинат околу 3.000 евра.

Според таткото на Дениса, барањето за реобдукција на телото овде во Македонија, засега го ставаат ад акта, што секако не значи дека се откажуваат.

Директорот на Институтот за судска медицина Алексеј Дума потврди дека тие се спремни да извршат реобдукција, но за нив не е доволна само желбата на семејството, туку најважна е наредбата од јавниот обвинител Марко Зврлевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1