Семејството на Дениса: Од Интернет ли да дознаваме за нашата ќерка?


По информациите дека во Егејското море е пронајден женски труп за кој постои сомнение дека е на исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска, порталот Бриф стапил во контакт со семејството на девојката, кое е вџашено од фактот што за своето дете дознава информации преку медиумите и преку Фејсбук.denissa

– Со очај ја дознавме веста од порталите на интернет дека е пронајден женски труп за кој постои сомнение дека е нашето дете Дениса. Грчките служби го информирале нашето МНР и разбравме преку пријатели дека е побарано наша ДНК за да може да се потврди идентитетот на распаднатиот женски труп.

Нас никој од државните органи не нè информира дека се бара од нас нешто за идентификација. Само ни беше јавено дека е дојден нејзиниот пасош и дека треба да го земеме. Други информации не ни дадоа. Сè уште не се знае дали станува збор за нашето дете и навистина сме разочарани од ваквиот однос кон нас и трагедијата што не задеси. Дали овие информации треба да ги дознаваме преку прозорче на Фејсбук – прашуваат од семејството на Дениса.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1