Семејството на паднатиот Navy Seal во акцијата на убиството на Бин Ладен обвинува – Тоа што го направи Обама беше кривично дело


Семејството на паднатиот Navy Seal, (американски војник) Арон Ваугх, изјавија јавно дека нивниот син бил исполнет со некарактеристичен страв за него кога потпретседателот Џо Бајден, се пофали и обелодени во јавноста дека неговиот тим 6, бил одговорен за убиството на Осама бин Ладен.

„Мамо мораш да ги избришеш сите работи на социјалните мрежи и интернет, кои што се однесуваат за мене или пак за моите колеги. Сите напишани работи би можеле да претставуваат опасност, како за мене така и за моите другари, а и за самите вас“, и пренесол Арон на својата мајка непосредно пред изведената акција.
Мајката изјавила дека ниту нејзиниот син, ниту кој било од неговиот тим, не сакале да бидат препознаени во акцијата, затоа што сметале дека тоа ќе има репрекусии по безбедноста на нивните животи.

„Можам да ви кажам само една работа, никој од SEAL Team 6 не сакаа да бидат идентификувани. На тие луѓе не им требаше тапкање по грбот, тие не работеа за тоа. Сите со кои Арон разговарал беа премногу гневни за тоа што се случи“, вели неговата мајка.
Неговиот татко пак смета и очекувал повеќе од администрацијата на нивната влада.
„Тоа што администрацијата го направи тогаш, јас и до ден денес верувам дека претставува крвично дело“, вели во интервјуто, таткото на паднатиот маринец во акцијата, фаќање на Осама бин Ладен.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1