Семоќниот целер – лечи реума, камен во бубрег, астма…


Целерот успешно лечи: астма, реума, ја подобрува циркулацијата, го олеснува варењето, го зголемува апетиот…Секој дел од целерот е здрав и корисен, од неговиот корен, па се до неговиот лист. Полн е со магнезиум, витамин К и диетални влакна, а заради големата количина на витамин Ц успешно ги намалува симптомите на грип и настинка. Затоа се препорачува болните да јадат супа во која има ставено многу целер.

16-celer

Денес се знае дека целерот ја поттикнува размената на материите во организмот. Богат е со етерични масла, со витамини и минерали. Коренот на целерот содржи етерично масло, шеќер, аспин, аспарагин, тирозин, колин, алосорубусен, пентосан и масти.

Поради диуретичното дејство, целерот може да се употребува против: реума, гихт, артрит, песок и камен во бубрезите и во мочниот меур, при воспаленија на мочните патишта, при целулит и преголема телесна тежина, при астма, воспаление на белите дробови, при болести на нервите, го исфрла вишокот на течноста од организмот, целерот е добар и за лицата со отоци, кои се предизвикани од кардиоваскуларни заболувања.

Целерот ги отстранува отровите од телото, помага во регулација на високиот крвен притисок, делува поволно при заболувања на црниот дроб и жолчка и помага во регулирањето на шеќерот во крвта, поради што им се препорачува на дијабетичарите.

Се препорачува на заболени од астма, реума, ги прочистува мочните канали, бубрезите, ги смирува нервите, ја зголемува циркулацијата, ја подобрува крвната слика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1