Серена Вилијамс и Новак Ѓоковиќ заиграа од среќа – еве го нивниот победнички танц (Видео)


Шампионите на овогодинашниот Грен слем во Лондон, освен совршените тениски способности, покажаа завидна умешност и кога танцувањето е во прашање. Овогодинашната победничка на Вимблдон, Серена Вилијамс, на свечената церемонија во Лондон, ја покажа неверојатната фигура во пастелно розов фустан. Таа со овогодинашната победа стана најстарата жена која го освоила Вимблдон, а освен нејзината умешност во тенисот, таа ја покажа и својата суптилна страна.serena-novak-630x447

По нејзината победа, луѓето го коментирале нејзиниот изглед, па во нејзина одбрана по мечот застана и познатата писателка Џоана Роулинг. Нејзиниот „твит“ одекна со толкава брзина, така што беше ретвитуван 82.000 пати. Фановите се согласија дека тенисерката изгледа прекрасно во фустанот на посебниот настан по завршувањето на финалето на Вимблдон, а она што сите таа вечер ги изненади, не е само нејзиниот изглед.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е познат по своите манири кон жените, а овојпат во прашање беше танцот со Серена. Овогодинашните шампиони на Вимблдон ги воодушевија присутните кога станаа и го започнаа танцот, а Новак прво побарал дозвола од својата поубава половина – сопругата Јелена.

Светските медиуми го пофалија и изгледот на Јелена во цветниот фустан на Александар Меквин, а освен титулата на Новак, младата двојка имаше уште една причина за славење – годишнината од бракот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1