Серискиот убиец повторно напаѓа- граѓаните во паника, распишана награда за било каква информација


Стравот се вовлече во американскиот град Финикс, откако серискиот убиец повторно нападнал во обид да го зголеми своето црно конто на кое веќе запишал девет жртви. Напаѓачот кого полицијата го нарекла „Уличен убиец“ е одговорен за мистериозните истрели на улиците во главниот град на Аризона, во кои се убиени седум, а ранети двајца луѓе

seriski-ubiec

Властите потврдиле дека и последниот случај е дело на ист човек. Тогаш, на 11 јули, напаѓачот почнал да пука на возило паркирано во станбениот дел од градот, во кое се наоѓале 21-годишно момче и 4-годишно дете. За среќа, тие не се повредени.

Властите во Финикс распишале награда од 50.000 долари за било каква информација за убиецот, на тој начин надминувајќи ја претходната од 20 илјади која ја распишал ФБИ.ubiec-520x437

Минатиот месец полицијата објавила скица од личноста за која верува дека стои зад нападите. Станува збор за личност со латиноамериканско потекло, маж висок околу 175 см, кој е виден во бел олдтајмер од брендот „Кадилак“.

„Уличниот убиец“ го започнал својот пир на 17 март, кога ранил 16-годишно момче кое шетало на улица во вечерните часови. Еден ден подоцна ранил уште едно момче (21), а во април убил две и во јуни уште пет лица.

Полицијата пронашла докази кои го поврзуваат тоа пукање со претходните осум, потврдил поручникот Џонатан Хауард.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1