Сервисер открива – кои уреди не вреди да се поправаат


Францускиот пратеник Жан Винсент Плаце, поднел до Европскиот парламент, предлог закон за спречување на неразумната продукција на поризводи чија дотраеност е намерно планирана, а која човештвото ја води во пропаст.
Жан, предлог законот го претставил најпрвин на дополнување кај студентката Лидија Толемар, која работела на темата „Програмирана дотрајаност, производ на потрошувачкото општество“ и која заклучила дека сите производи се направени со цел брзо да се расипат.

serviserОва е поддржано од страна на техничарите, кои велат дека нивните електронски уреди се ноќен кошмар. Не можеш да земеш дел од 10 или 20 долари, туку мораш да го купиш целиот повторно. Еден типичен предмет е гумена лента која се која се користи за фрижидерите. Така што доколку се оштети истата, мора да се замени комплетно целата врата. Сервисерите не сакаат да говорат многу на оваа тема, затоа што не сакаат да ги обвинуваат компаниите чии производи ги сервисираат.

Намерно го ослабуваат функционирањето на апаратот, и ве принудуваат да купите нов, велат потрошувачите.

На правосмукалката најслаба точка се микропрекидачите кои практично чинат само неколку долари, но не можат да се заменат затоа што се залиени во пластика. Кога ќе се расипат, можете да си ја фрлите правосмукалката. Слично е и со лагерите. Некои машини за перење претходно биле направени од нерѓусувачки челик. Сега се заменети со пластика, во кој што се залиени лежиштата и кога тие ќе се скршат, можете слободно да се ослободите од машината.

tvНишто подобра не е ситуацијата ни со алатот. На пример најслабата алка е бушалицата со запчаници, кои се од неквалитетен материјал. Кога ќе се расипе, тогаш може слободно да се фрли во ѓубре. Досегашното искуство покажува дека производувачите намерно го ослабуваат функционирањето на уредот, за да ги принудат луѓето да купат нови.
Слична е приказната и со телевизорите. Еден просечен телевизор чини 300 евра. Доколку ви се расипе трансформаторот, за да го поравите потребно е да го промените целиот склоп, нешто што би ве чинело околу 100 евра, а цената на работната сила би ве чинела додатрни 2800 денари. Не е тешко да заклучите дека е подобро да купите нов телевизор, или барем да имате нов гарантен период, отколку да се замарате го поправите стариот.

За земја чии ресурси се ограничени, последиците од оваа практика се катастрофални, бидејќи ние консумираме повеќе ресурси, а произведуваме повеќе отпад. Дека можеме и мораме да се свртиме кон производите што ќе траат со децении, покажува и фабриката за чевли во Долна Австрија, во која по пет или десет години, нивните чевли можете да ги однесете на поправка или на одржување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1