Дете најмило платен убиец да ги убие татко му и сестра му зошто го терале да учи


Малолетниот ученик во Кина, бил уапсен поради ангажирање на платени убијци за да ги ликвидираат неговиот татко и сестра, за да не го тераат повеќе да учи. Тинејџерот е осомничен за убиство на својот татко Гао Тианфенг, кој бил функционер во суд, и за убиство на неговата дваесет годишна сестра.

kina maloletnik-На основа на полициското испитување на момчето, дојдовме до сознание дека тој најмил две лица, кои ги запознал преку интернет, за да ги убијат неговиот татко и постара сестра, затоа што премногу го притискале да учи- соопшти кинеската државна агенција.

Надзорните камери снимиле двајца како го прескокнуваат ѕидот од куќата за време на убиството. Двајцата осомничени и малолетниот тинејџер се уапсени и се наоѓаат во притвор.

Медиумите во Кина наведуваат дека таквите случаи се резултат на исклучително тешкиот образовен систем, кој премногу бара од учениците во Кина, но и од големите очекувања од родителите, кои ги притискаат децата повеќе да учат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1