Компјутерска игра која го подмладува мозокот 3 години (Видео)


Научниците тврдат дека неколкучасовното играње на компјутерската игра “Road Tour” може да го подмлади мозокот за дури три години во некои возрасни категории.

igricaИмено, станува збор за игра специјализирана токму за подмладување на мозокот, а истражувањето е спроведено на неколку личности постари од 50 години.

Мажите и жените кои што ја играле играта “Road Tour” повеќе од десет часа, на тестовите покажале дека нивните реакции, вниманието и брзината станале значително побрзи, односно дека тие го подмладиле својот мозок за неколку години.

Професорот Фред Волински изјавил дека оваа едноставна игра позитивно влијаела на луѓето кои што истата ја играле неколку часови.

igra koja podmladjuje

Во истражувањето учествувале повеќе од 700 испитаници на возраст од 50 и повеќе години, а едната половина од нив ја играле оваа игра, додека другата половина решавале крстозбори. Првата група по тестирањето покажала значителни подобрувања, во однос на втората група.

Играта се состои од помнење на прикажаните модели на автомобили со одредени броеви и сообраќајни знаци кои што се поставени на различни позиции.

Како што играта напредува, така се скратува и времето за прикажување на фотографиите, додека истовремено и автомобилите добиваат поинакви облици и бои. Играта “Road Tour” може да се најде и на интернет и претплатата за истата изнесува околу 7 евра на годишно ниво, додека пак за еден месец играње треба да се издвојат околу 10 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1