Син на македонски политичар фатен со дрога во Грција


Единицата на полицијата  за борба со нелегална трговија на дрога од Кукуш, Грција поднела кривична пријава за нелегално поседување на дрога и оружје против 20 годишен македонски државјанин, објавува Плусинфо. Неофицијално, збор за син на актуелен државен функционер.

tur-granica_620x0Плусинфо,  повикувајќи се на официјалниот билтен на грчката полиција во Кукуш, објавува дека македонскиот државјанин бил уапсен, откако во неговиот автомобил со кој влегол во Грција било пронајдено мало количество дрога, најверојатно за негова лична употреба – три таблети екстази, 0,5 грама кокаин и нож ’скакавац’ долг 9 сантиметри. Според порталот, Македонецот пред грчкиот суд ќе одговара за тешко кривично дело, нелеглно поседување дрога и оружје.

Според грчката полиција, настанот се случил на грчката страна од преминот Евзони, помеѓи 1. и 2. мај годинава.

В официјалниот билтен на грчката полиција не се наведени ниту иницијалите на 20-годишникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1