Еден Македонец загина, двајца се повредени во сообраќајка во Србија


Еден македонски државјанин загина, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Белград- Ниш, кај селото Милошево во близина Јагодина, јавија српските медиуми.

avt-srb500-Возачот на патничкото возило со македонски регистарски таблички, на коловозната лента кон Белград изгубил контрола над возилотo и излетал од патот. Еден патник во возилото смртно настрада, додека двајца се здобиле со повреди поради што се згрижени во Општата болница во Јагодина, се наведува во соопштението од полиција, пишуваат од весникот „Блиц“.

Против возачот, дваесет и петгодишниот С.Р. од Скопје, е поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста во јавниот сообраќај“ и е изнесен пред истражен судија во Основниот суд во Јагодина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1