Се полни Дојранското езеро – на највисоко ниво е досега


Регистрирано е највисото ниво на Дојранското езеро од почетокот на еколошката катастрофа кое изнесува плус 28 сантиметри од нултата точка.

dojranskoЗа ваквата состојба, како што јави МИА, придонесоа поволните хидролошки услови, пред се топењето на снегот на Беласица и Хидро системот преку кој езерото континуирано се полни.

Моментната состојба го зголеми оптимизмот во локалната самоуправа за подобрување на условите за престој на гости поради што веќе се преземаат и мерки за почитување и исполнување на условите од концесионерите на плажите.З

аради неисполнување услови три договори со концесионерите се раскинати, а распишан е оглас за нови пет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1