Сестрата на холандската кралица пронајдена мртва: 33-годишната Инес се обесила


Најмладата сестра на холандската кралица Максима, Инес Зорегиете е пронајдена мртва во нејзиниот стан во аргентискиот главен град Буенос Аирес.

Како што информира претставник на аргентинското Јавно обвинителство, кој побарал анономност, причините за смртта на 33-годишната Зорегиете засега не се познати.

Пронајдена е обесена во станот, а се верува дека боледувала од депресија.

Зорегиете, по професија психолог, беше вработена во Канцеларијата за социјална политика при Претседателската палата во Буенос Аирес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1