Азиланти силувале и убиле 14 годишно девојче во Германија


Властите во Германија денеска соопштија дека уапсиле државјанин на Турција поради силување и убиство на 14 годишно девојче кое исчезнало пред повеќе од две недели.

Осомничен е и барател на азил од Ирак кој е во бегство. Телото на девојчето кое исчезнало на 22 мај вчера е пронајдено на периферијата на градот Висбаден, пренесува АП. Обвинителството денеска соопшти дека двајца мажи, 20 годишен Ирачанец и 35 годишен Турчин, кои живееле во тој град чекајќи одобрение за азил, се обвинети за силување и убиство на тоа девојче во ноќта кога исчезнала.

Како што се наведува понатаму, се верува дека тие после убиството заедно го закопале нејзиното тело.

Полицијата соопшти дека Ирачанецот кој е идентификуван како Али Башар, изгледа изненадно отпатувал со своето семејство назад во Ирак преку Истанбул. Како што се наведува тој е обвинет и за други низ прекршоци во таа област во Германија, меѓу кои и вооружена кражба.

Се верува дека тој во Германија стигнал во октомври 2015 година, на врвот на мигрантскиот бран во таа земја и дека вложувал жалби на одбивањата на неговото барање за азил. Вториот осомничен е Турчин кој на полицијата не и бил претходно познат бил уапсен синоќа.

Полицијата во неделата соопшти дека 14 годишно момче кое било бегалец, дошло во станицата во Висбаден и кажал дека девојчето е убиено и силувано, а потоа го именувал Ирачанецот како можен виновен за овој грозоморен настан.

Убиствата кои порано ги направиле барателите на азил во Германија, предизвикаа тензии поради приливот на повеќе од милион мигранти во 2015 и 2016 година, а стана и прашање кое на крајно десничарската Алтернатива за Германија и помогна да влезе во Парламентот, се наведува во текстот на АП.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1