Сестрата на убиената ѕвезда на Гранд Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, Теодора Крсмановиќ, се огласи за случувањата. Таа вели дека е во шок за апсењето.
– Во шок сум, најтешко ми е за Јана. Постојано се слушам со нив и одам. Зоран и татко му се во шок слабо зборуваат, вели таа.
Според неа неточни се тврдењата дека Јелена го изневерила Зоран.
– Сите кои ја познаваа знаеја каква љубов беше тоа и дека изневерувањето не беше нејзин начин на живот, вели Теодора.