Обвиненијата дека кралот на поп музиката со години злоставувал момчиња изгледаат се поуверливи, а бројни радио-станици ја отстранија музиката на Мајкл Џексон од својот репертоар. Документарецот „Leaving Neverland” е една од топ темите на сите светски медиуми.
Британскиот „Дејли меил“ го извлекол интервјуто со Латоја Џексон од 1993 година во кое таа го обвинува својот брат за педофилија.
„Мајкл Џексон е мој брат, но не можам и нема да бидам учесник во неговите злочини против малите невини деца. Доколку продолжам да молчам, тоа значи дека сум на негова страна и оти ја намалувам жртвата на тие деца, што е погрешно“ – изјавила Латоја за „МТВ“ во 1993 година, кога Џексон за прв пат бил обвинет за педофилија.
„Што прави маж од 35 години со дете цели триесет дена? И јас сум жртва на злоставување и знам дека децата цел живот ќе бидат уплашени. Го сакам мојот брат, но повеќе ми е жал за децата“ – изјавила тогаш пејачката.