Сестрата на убиената Марија Павловиќ, која во саботата беше задаваена од својот сопруг кој потоа се обеси во село Радовиќ кај Белград, е огорчена на локалната полиција затоа што како што тврди, не реагирале веднаш и не се обиделе да ја спречат трагедијата. Јелена Симоновиќ вели дека во саботата наутро се јавила во полиција, веднаш штом нејзината сестра и се пожалила дека споругот Ацо и се заканува дека ќе ја убие. Но полицијата реагирала дури по 18 часа.
– За жал мојата пријава дежурниот полицаец како да не ја свати сериозно, па полициска екипа кај Марија не беше испратена иако тие го напуштиле својот дом околу 11 часот наутро. Повторно се јавив во полиција околу 18 часот и пријавив дека никој од нив не се јавува на мобилниот телефон, полицаецот кој беше на должност го побара бројот на мојот зет за тој да му се јави и да провери. Полицијата реагираше дури кога братот на Ацо го пријави како исчезнат. Да ме сфатеа сериозно, можеби денес и двајцата ќе беа живи, вели Јелена.
Според неа, Марија и Ацо во последно време не биле во добри односи. Причината за тоа е, како што било потврдено од страна на бројни пријатели и познаници, тоа што Ацо имал афера со сосетката (А.Б.), за која Марија дознала.
Семејствата се уште не го добиле прошталното писмо на Ацо кое било пронајдено откако тој ја задавил својата сопруга, а потоа се обесил на дрво. Српските медиуми од извори од истагата дознале дека во писмото недвосмислено се укажува дека Ацо планирал да го одземе животот на Марија, а потоа и себе да си пресуди, што е доказ дека злосторството било планирано.