Лиана Желобајева, шест годишно девојче од Ростов, доброволно секој ден, оди на работа со цел да го спаси нејзиниот брат кој е сериозно болен, со цел да собере пари за лекови и операција.
Две години постариот Алекс, е роден со хидроцефалус, а семејството живее од социјална помош. Мајката самостојно не може да ги покрие трошоците за лекувањето.
„Тажна е приказната. Сиротата мајка која е сиромашна, се труди колку што може околу нејзините три деца. Секогаш е со синот кој има потреба од постојана нега.
Нашите социјални работници постојано ги посетуваат и децата се секогаш чисти и уредни.
Алекс го научил да чита и да пишува, знае дури и да рецитира, но секогаш оди на лекување и на семејството му е потребна огромна социјална помош“, им соопштила на новинарите на порталот LifeNews, работникот од социјалните услуги, Елена Бондар, која е и самата воодушевена од малата Лиана.
Секое утро продава брошури, флаери и весници.
Девојката станува секое утро да собере брошури, флаери и весници, а потоа застанува на улица, се додека не го продаде поголемиот дел од нив.
„Секој заработна пара го давам на мајка ми.
Се разбира, јас би сакала поголем дел од нив да потрошам на слатки, но не можам“, соопштила грижливата сестричка.