„Северна Македонија“, „Горна Македонија“, „Нова Македонија“, „Вардарска Македонија“


Главниот уредник на Realnews, кој тврди дека информацијата ја добил од доброупатени извори, пишува и за пропратните решенија кои Нимиц ги претставил пред претставниците од двете земји.

– Информацијата вели дека најмалку две од трите имиња се на кирилица, без можност за транскрипција на англиски. Тоа ја оправдува силната реакција и скептицизмот на Скопје за името. Кон позицијата ,,Ерга омнес‘‘ може да има позитивен пристап од Скопје, уставни измени цврсто се отфрлаат, а прашањето за дериватите на нација и јазик се уште е предмет на дискусија. За нив се дискутираше, но и не се дискутираше, пишува грчки Реалнењс.

Речиси сите медиуми ја пренесуваат и изјавата на преговарачот Наумовски за Сител, дека предлозите изнесени од Нимиц се далеку од достоинствено решение, потенцирајќи дека има разногласие и во македонската влада.

Порпаролот на грчката влада, пак изјави дека владата на Ципрас сака и ќе направи се што може за да се реши прашањето со името, без да ги стави во опасност националните интереси.

– Сакаме решение во кое сите ќе бидеме победници, изјави Ѕанакопулос за радиото 24/7.

Тој ја обвини опозициската Неа демократија дека си игра криенка со името. Несогласувањето околу решавањето на спорот продолжува не само во односот на владата со грчката опозиција, туку и внатре во кабинетот на Ципрас.

Во меѓувреме, бугарскиот премиер Бојко Борисов од Стразбур порача дека е оптимист и ги охрабри премиерите на Македонија и на Грција, да седнат на заедничка маса и да го решат проблемот на начин како што тоа го направија тој и Заев со Договорот за добрососедство.

– Двајцата премиери треба прво на билатерално ниво. Како што направивме ние со Заев, потпишавме договор за добрососедство и го ратификуваше Собранието во Скопје. Треба и Алексис Ципрас и Зоран Заев прво да го решат спорт меѓу нив, вели Борисов.

Бугарскиот премиер повторно се понуди доколку имаат потреба од помош, веднаш да им посредува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1