Во Кривичниот законик на Југославија од 1951 година за „противправен блуд“ меѓу две лица од ист пол била предвидена казна затвор од две години. Ова не важело за жените!
Кривичниот закон ги обвинувал хомосексуалците за противприроден блуд бидејќи сексот меѓу двајца мажи се сметал за „кривично дело против достоинството на личноста и моралот“, и според членот 186 од Законикот била предвидена казна затвор од две години.
Меѓутоа, маршалот очигледно немал ништо против тоа две жени да имаат секс. Јавна тајна е дека Тито многу ги сакал жените, но тоа сепак не оправдува зошто овој закон бил толку дискриминирачки.