Се зборува дека ме типувал сопственик на ресторан, лут што сум настапил кај конкуренцијата а не во неговиот локал. И дека наводно им платил 3000 евра да ме претепаат и избодат, раскажува Шабан Шаулиќ за ноќната мора која ја преживеал во Виена.
Шабан сведочи дека ќе умрел доколку во болницата стигнел половина час подоцна.
Ми пријдоа и ме избодеа и претепаа со метални боксери. Нема да заборавам како лежев облеан во крв и така повреден успеав да се искачам 30 сетина скалила и веднаш ја повикав пријателката која се јави на брза помош.
-Додека ме шиеја во болницата, ми рекоа дека би умрел доколку ме донеле само половина час подоцна. Никогаш не дознав што навистина се случи. Се зборува дека сопственик платил 3.000 евра за да ме претепаат затоа што не настапував кај него. И ден денес ми е страв кога некое момче ќе ме тапне по рамо и ќе ми каже : „Шабане ајде да пееш“- вели Шабан.