Ако им се верува на шпекулациите, таткото на пејачката Шакира наводно има и македонско потекло, а постојат и други теории во врска со православните и семејството на пејачката.
На страната на „Гардијан“ www.guardian.co.uk, како и на официјалната веб-страница на Музејот Мадам Тисо стои дека таткото на Шакира, Вилијам Мебарак Чадид, по потекло е половина Либанец, половина Македонец.
Дедото на Шакира бил Либанец кој се оженил со Македонка. Таткото на Шакира – Вилијам бил роден во Америка па се преселил во Колумбија каде што се оженил со Италијанката Нидија.
Имено, таа е неговата втора жена која е мајка на Шакира.
Откако големо внимание привлече веста дека Шакира и на вториот син му дала име кое може да се поврза со нашите простори, почнаа шпекулациите дали тоа има врска со таткото на пејачката, кој наводно има и македонско потекло!
Првото дете на Шакира и фудбалерот Пике се вика Милан, а вториот син – Саша.