Шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижност – Скопје ќе работат од 8:30 до 19:00 часот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.
Катастарот ќе работи за време на викендот за да им овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување на барање за приватизација на дворните места.
Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места истекува на 15 декември.