Луѓето кои живеат во селата на Шар Планина покажуваат се поголем позитивен приод кон идејата овој масив да биде прогласен за национален парк, покажуваат анкетите на здруженијата кои се занимаваат со животната средина. Во најновото истражување на Македонско еколошко друштво дури 83 проценти од локалното население вели дека Шара треба да се прогласи за национален парк.
Исто така високи се процентите дека прогласувањето ќе донесе позитивни промени за целиот регион и подобри економски можности.
Истражувањето покажало дека 62 проценти од испитаните не знаат дека постои процес за прогласување на Шар Планина за национален парк.