Шеф од соништата: За секој вработен стан и автомобил


Великодушниот бизнисмен кој се занимава со извоз на дијаманти во градот Шурат, на вработените, покрај автомобил и стан ќе им подари и накит во викендот во кој го одбележуваат хиндуистичкиот празник Дивали.

„Наша цел е секој вработен да има сопствен стан и автомобил во наредните пет години. Затоа и се решивме да ги дадеме подароците“, изјавил Савјибхаи Џолакиа, сопственик на компанијата Хари Кришна експортс. Тој посочил дека наградите се знак за неверојатните резултати и посветеност што ја покажале вработените во изминатите години.14825654_1675750076069561_1317569668_n-750x500-jpg-pagespeed-ce-r7k9oophja

Се проценува дека компанијата ќе потроши околу 7 милиони долари, за да награди извесен број од вкупно 5.500 вработени.
Во Индија е обичај вработените за посочениот празник да добијат некаков подарок, но обично тоа се кутија со бисквити или или други слатки производи.

Но господинот Џолакаи ги полни новинските наслови уште од 2012 година , кога започна да подарува скапоцени подароци. Тој и во 2014 година подарил 491 автомобил и 207 станови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1