Франција отвори официјална истрага против директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, поради нејзината наводна улога во корупциска афера во времето додека беше француски министер за финансии во 2008 година.
Лагард по четврти пат беше сослушувана во врска со случајот со францускиот тајкун Бернард Тапи, кој што во 2008 година добил рекордна компензација од 403 милиони долари на основа на арбитражна одлука во спорот меѓу Тапи и државната банка “Креди лионе“.
Лагард е осомничена за немарливост во арбитражната постапка, која што француските медиуми ја нарекоа продажба во корист на бизнисменот.
Лагард ги отфрли наводите дека ги злоупотребила овластувањата кога ја одобрила исплатата на компензацијата на Тапи. Шефицата на ММФ во ексклузивне коментар за Гранс прес изјавила дека нема намера да поднесе оставка на функцијата поради обвинението.