Еден од шефовите на бугарското подземје, познат под прекарот Баретка, беше застрелан додека влегувал во главниот суд во Софија на апелациското рочиште за обвинението дека е лидер на банда која тргува со дрога.
Златомир Иванов бил погоден со четири куршуми во нозете, во раката и во стомакот додека влегувал во судницата, среде бел, на рочиштето на кое се бара да му се намали затворската казна од осум години, изјави полицијата.
Иванов и неговиот телохранител, кој исто така е ранет, се пренесени во болница, а на Иванов треба да му се изврши операција.
Локалните медиуми пишуваат дека Иванов е поранешен член на специјалните полициски сили познати како „Баретки“. Поради здравствени проблеми, му било дозволено да биде во куќен притвор.
– Местото е многу погодно за пукање. Доколку тој беше во притвор, ќе имаше заштита – изјави премиерот Бојко Борисов.