Шефот на „Етиопиан ерлајнс“: Пилотот бараше да се врати назад, а потоа само исчезна од радар.


Пилото на „Етиопиан ерлајнс“ чиј „боинг 737“ макс 8 се сруши во неделата, по што загинаа 157 лица, пријавил дека има потешкотии со управувањето на авионот и побарал враќање во базата, кажал главниот извршен директор на авио-компанијата, Товолде Гебре Маријам.

Тоа јасно се случа на снимката од разговорот на пилотот со контролорот за воздушен сообраќај.

-Пилото доби одобрение за враќање назад, но набрзо потоа исчезна од радарот – додал тој.

Во последните 6 месец се срушиле два авиони „боинг 737′ макс 8 . Во најновата несреќа на 10. амрт, кога се сруши етиопски авион, загинаа 157 лица, а во претходната несреќа над Јаванско море, загинаа 189 лица.

Гебре Маријам за Си-Ен-Ен рекол дека сите пилоти на „Етиопиан ерлајнс“ минале низ додатна обука за постапување при летање, која вклучува и информации за процедурите после падот на 737 макс 8 на авио-компанијата „Лајон ер“.

Причината за несреќата на 10. март се уште се испитува.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1